+389(02)3114-511

Франческо  Чилеа

АДРИЈАНА ЛЕКУВРЕР

(опера)

 

Диригент: Валерио Гали (Италија)

Режисер : Енрико Кастиљоне (Италија)

Сценограф: Александар Златовиќ (Србија)

Костимограф: Весна Радовиќ (Србија)

Кореограф: Олга Панго

Концерт мајстор: Верица Ламбевска

Aсс.режисер: Анџела Бизимоска (Италија), Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски

 

НАСТАПУВААТ:


Адријана Лекуврер: Даниела Деси (Италија)

Маурицио: Ѓорѓи Цуцковски

Принцеза де Бујон: Тицијана Караро (Италија)

Принц  де Бујон: Александар Стефаноски

Игуменот од Шазеј: Дејан Стоев

Мишоне: Марчело Липи (Италија)

Госпоѓица Жувено: Биљана Јосифов

Госпоѓица Данжевил: Николина Јаневска

Поисо (риба): Никола Стојчески

Кино: Диме Петров

Мајор: Зоран Данилов

Хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ




Адријана Лекуврер

I Чин

Ансамблот забрзано се врти околу режисерот Мишоне, подготвувајќи се за претстава. Принцот де Бујон, кој што е обожавател на актерката Дукло, е со својот придружник  Абе де Шазеј. Адријана влегува рецитирајќи. Откако добива пофалби,  таа пее „Јас сум понизен слуга на креативниот дух”. Принцот слуша дека Дукло пишува писмо и подготвува средба со неа. Оставен сам со Адријана, Мишоне сака да ја искаже својата љубов кон неа. Но Адријана му објаснува дека таа има љубовник, Маурицио, војник кој е во служба на грофот од Саксонија. Таа не е свесна дека Маурицио, всушност, е самиот гроф. Тој влегува и ја искажува својата љубов кон Адријана La dolcissima effigie. Тие се договараат да се сретнат по претставата. Адријана му дава неколку темјанушки да ги стави во неговиот ревер. Принцот и Абе де Шазеј се враќаат. Тие го добиваат писмото од Дукло во кое таа бара состанок со Маурицио. Принцот одлучува да организира забава за компанијата во вилата со цел да ги разоткрие Дукло и Маурицио. Тој му го испраќа писмото од Дукло на Маурицио, кој потоа го откажува неговиот состанок со Адријана. Откако ќе го прими известувањето на сцена, таа се согласува да се придружи кон забавата на принцот.

II Чин

Сцена со вила покрај Сена

Маурицио го чека принцезата де Бујон, не актерката Дукло, и таа му изразува љубов: Acerba volutta, dolce tortura. Кога тој ќе влезе, таа ги здогледува темјанушките и го прашува како дошол до нив. Маурицио и ги подарува. Но сепак и покрај тоа што тој е благодарен кон нејзе, признава дека не е вљубен во неа. Таа претпоставува дека тој има љубовница, сепак, нема да го открие нејзиното име. Принцот и Абe де Шазеј одненадеж пристигнуваат, а принцезата успева да се сoкрие. Маурицио сфаќа дека тие мислат оти тој е со Дукло. Адријана влегува и го дознава вистинскиот идентитет на Маурицио. Тој и кажува на Адријана дека доделувањето на титулата била политичка работа. Адријана му верува и се согласува да му помогне. За време на интермецото, кое што следи, во куќата владее темнина и тој момент Адријана го користи да ѝ каже на принцезата дека таа може да избега. Но, двете жени меѓусебно не си веруваат, па така спасувањето се претвора во огнена кавга пред принцезата конечно да замине. Режисерот Мишоне забележува дека на принцезата и испаднала нараквицата, која што тој ѝ ја дава на Адријана.

III Чин

Хотелот де Бујон

Маурицио го затвораат поради долгови, додека пак принцезата е очајна кога ќе го открие идентитетот на нејзиниот ривал. Принцот, кој има интерес кон  хемијата, чува моќен отров кој владата му го дала да го испита. На приемот подготвен од страна на принцот и принцезата гостите го забележуваат пристигнувањето на Мишоне и Адријана. Принцезата помислува дека го препознава гласот на Адријана. Кога принцезата објавува дека Маурицио е повреден во дуел, Адријана се онесвестува. Но кога подоцна Маурицио ќе влезе неповреден, Адријана е воодушевена. Тој пее за своите воени подвизи, Il russo Mencikoff. Балетот настапува во „Пресуда од Париз“. Адријана дознава дека нараквицата која што ја нашол Мишоне и припаѓа на принцезата. Во понатамошното разоткривање дека тие се ривалки за љубовта на Маурицио, принцезата и Адријана се предизвикуваат една со друга. Кога принцезата предлага дека Адријана треба да рецитира сцена од „Напуштената Адријана“, принцот бара таа да се замени со сцена од „Федра“. Адријана ги кажува последните реченици од текстот, задавајќи и одлучен напад на принцезата, која пак е решена да се одмазди.

IV Чин

Соба во куќата на Адријана

Мишоне чека. Адријана е обземена од гнев и љубомора. Членови на театарскиот ансамбл одат да ја посетат, носејќи и подарок за нејзиниот именден и се обидуваат да ја убедат да се врати во театарот. Мишоне го откупува дијамантскиот синџир, кој претходно Адријана го заложила со цел да му помогне на Маурицио, за да ги исплати своите долгови. Стигнува кутија со писмо од Маурицио. Адријана го погледнува писмото и веднаш се чувствува лошо. Таа погледнува во кутијата и ги вади овенатите темјанушки кои што претходно му ги имаше дадено на Маурицио во театарот. Таа е повредена од фактот што тој ѝ ги враќа назад. Таа ги бакнува цвеќињата, Poveri fiori, и ги фрла во оган. Влегува Маурицио. Тој ја прашува дали сака да се ожени за него. Така прегрнати, чувствува дека таа целата трепери. Маурицио ѝ кажува дека тој не и го испратил цвеќето. Таа се збунува. Мишоне и Маурицио сфаќаат дека таа е отруена. За момент таа повторно станува луцидна, ecco la luce, но потоа умира.