
Отварањето на оперската сцена во рамките на Македонскиот народен театар беше очекуван и нужен чин. Сите предуслови за скромното отпочнување на оваа дејност беа на виделина. Со кадри, учесници во музичкиот живот на Скопје и а другите македонски градови, школувани музичари и аматери, беше оформена првата генерација на музичко-сценски работници кои со голема жар и љубов се зафатија во извршувањето на своите задачи. Иницијативата за отварање на првата македонска оперска сцена потекна од Здружението на музичарите на Р. Македонија. На 9ти Мај 1947, на сцената на тогашниот Македонски народен театар е изведена првата опера во Македонија – операта од Пјетро Маскањи „Кавалерија рустикана“. По оваа премиерна изведба беа изведени уште 17 во текот на истата година. „Кавалерија рустикана“ е прва од серијата на оперски партитури што ќе бидат и се реализирани од колективот на Македонската опера во наредните децении. Оваа форма и ден денес е присутна и дејствува како Национална Опера при Националната установа - Македонската опера и балет.
РАКОВОДИТЕЛИ И СОРАБОТНИЦИ НА ОПЕРАТА
Уметнички директор на Операта – Дејан Прошев
Диригент - Бисера Чадловска
Сценограф - Живојин Трајановиќ
Костимограф - Марија Пупучевска
Концерт мајстори - Верица Ламбевска, Михаило Куфојанакис
Хор мајстор - Томислав Шопов
Асс. хор мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јамина Горѓеска
Координатор на оркестар - Габриела Андонова
Шеф на хор - Маријан Блажевски
Корепетитори – Елена Силјановска, Андреја Наунов, Јанинка Невчева, Марија Вршкова
Инспициенти – Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов
Суфлери – Павлина Здравкова, Светлана Георгиева
Музички архивари – Јорданчо Теодосиевски, Звонко Пиргановски
Секретар на уметничко техничка оператива – Ели Тарабунова
Музички секретар – Александра Нешкоска





Опера
























