Исклучително голем и многустрано значаен настан во дејноста на Македонскиот народен театар во Скопје, наедно и нов меѓник во македонската културна историја, беше премиерната изведба на Гуноовиот балет „Валпургиска ноќ“ , во кореографија на Ѓорѓи Македонски, на дваесет и седмиот јануарски ден во 1949 година. Таа вечер на сцената на МОБ (тогашен МНТ) се појави балетската уметност во Македонија, од тој миг институционализирана во ликот на Балетскиот ансамбл при Операта на Македонскиот народен театар.
Свеченоста, одржана на 27.01.1949 година, во практика и на дело го заокружи уметничко-организационото обликување на тогашниот Македонски народен театар како национална драмско-оперско-балетска сцена. Оваа форма и ден денес е присутна и дејствува како Национален балет при Националната установа Македонската опера и балет.
Крајот на истата 1949 година (30 декември) ја однесе и премиерната изведба на целовечерниот балет “Бахчисарајска фонтана“ од Борис Асафјев. Овој факт, уште од самиот почеток, ги навести остварувањето и триумфот на замислата за поставување на цврсти темели врз кои ќе се гради еден целосен балетски ансамбл способен за изведување на сиот тогаш и дотогаш познат репертоар во светот.

РАКОВОДИТЕЛИ И СОРАБОТНИЦИ НА БАЛЕТОТ
Уметнички директор на Балет – Киро Павлов
Главен педагог и репетитор и менаџер на МОБ – Тања Вујисиќ Тодоровска
Педагог-репетитор – Д-р Снежана Филиповска
Репетитор – Тони Баталаковски
Корепетитор – Галина Гацева
Инспициент – Дубравка Шопова
Организатор –реализатор – Даница Ковачевска
Масер - Благоја Петрушевски
Секретар на бaлет - Милка Салапура
ПЕДАГОЗИ-РЕПЕТИТОРИ-СТРАНЦИ
Елеонора Стебљак - Киев(Украина)
Димитро Робертович - Кљавин - Киев(Украина)
Володимир Борисов - Одеса(Украина)

Балет