На сцената ќе се претстават два танцови проекти – Прегратка во кореографија на Саша Евтимова по музика на Проект Жлуст и Прекуокеански танц на Shenandoah Dance Ensemble, балетска трупа која произлегува од Танцовиот оддел на Универзитетот од Шенандоа, Вирџинија, САД. Кореографијата е на Морис Фрага и Ерика Хелм по музика од разни автори.






























