Home

Современиот балет „Изгубена верба“ премиерно во МОБ

Е-пошта Печати PDF
lost_fatih_4Скопје, 28 јуни 2010 (МИА) - Современиот балет „Изгубена верба“, во кореографија на Саша Ефтимова, а по музика на Љубомир Ангелов-Љупа в среда премиерно ќе биде изведена во Големата сала на МОБ. Претставата е копродукциски проект помеѓу МОБ и Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје. Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје на денешната прес-конференција рече дека балетот „Изгубена верба“ e вклучен во годинашната програма на манифестацијата Скопско лето. Авторот на кореографијата Саша Ефтимова информира дека претставата „Изгубена верба“ е сосема поинаква од она што до сега го има работено. - Оваа е прва и единствена претстава која ќе биде современа класика на 21. век. Ова е нешто ново и првпат ќе го видите на сцената на МОБ, рече Ефтимова и додаде оти со оваа претстава таа се труди да го подигне нивото на националната куќа. Таа истакна дека нејзината замисла за претставата треба да оди во три дела, „Изгубена верба“ е првиот дел, вториот дел, кој треба да се постави наредната година е „Покајување“ и третиот е „Музички ангели. Нов почеток“. Ефтимова објасни дека сите овие три дела треба да се дадат во еден вид целовечерна претстава и постои идеја да се дадат со оркестарот на МОБ. „Изгубена верба“, како што рече, е љубовна приказна која ја разработува психолошката и емоционална состојба на двајца луѓе кои се во врска, прикажано преку движења, светло, „движење во движење“ и 3D визуелизација. Во претставата покрај Саша Ефтимова, учествуваат солистите на Балетот на МОБ, Бобан Ковачевски, Мими Поп Алексова, Дмитро Чеботар, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски, Марија Глигорова, Дафина Данилоска, Трајче Стојковски и гостинот Хозе Карлос Лосада Моралес од Куба. мд/скс/15:40
 

Online Билети

baneronlinemk

 

 


Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ги билетарите на МОБ.


Работно време: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела  и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден.
  • тел.: 02 3118 451 (Билетара на МОБ)
  • e-mail: biletara@mob.com.mk

previous month Септември 2010 next month
П В С Ч П С Н
week 35 1 2 3 4 5
week 36 6 7 8 9 10 11 12
week 37 13 14 15 16 17 18 19
week 38 20 21 22 23 24 25 26
week 39 27 28 29 30