Home Опера Опера Солисти Бас

Бас

Игор Дурловски - првенец

Игор Дурловски – бас. Роден е 1977 во Битола, Македонија. Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска. Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во „Евридика“ на Џакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта „Посета на старата дама“ на Готфрид Фон Ајнем. Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Доницети, Белини, Росини, лириката и драматиката на Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар. Командувајќи на сцената и исполнувајќи го театарот со својот моќен и елоквентен бас, Дурловски толкува мноштво карактери напишани од познатите автори. Инструментот на овој бас, Македонската опера и балет во периодот 2000 до 2002 година, го користи во продукциите на оперите Лучија ди Ламермур, Трубадур, Дон Џовани, Турандот, Севилскиот бербер, Моќта на судбината, Риголето, Аида и други.
Неговиот мудар славјански тон, кој е вистинско богатство за ушите на слушателите, зема замав и во повеќе оперски куќи во светот. Градејќи вокален климакс, под патронат на диригентот Пол Вајголд, 2001 година Дурловски дебитира во улогата на Nonacourum во операта „Il capello di paglia di Fireza“ во продукција на Виенската камерна опера. Тогаш започнува и обликувањето на елегантната вокална техника на овој уметник во камерното студио на КМС Оливера Миљаковиќ. Драматичните и лирски особености на овој бас, со годините, ќе станат препознатливи и по изведбите на оперите од македонски композитори, меѓу кои операта „Лидија од Македонија“ и „Цар Самуил“. Во 2003 година тој ја добива наградата „Ѓорѓи Божиков“ од Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ за најдобра изведба на композиции од македонски автори. Истата година, Дурловски станува лауреат на интернационалниот натпревар во Белград, Jeunesses Musicales. Мистериозно длабокиот резонантен глас на овој пејач, 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, „Ballo delle Ingrati“ и „Euridice“. Биографијата на Игор Дурловски бележи и концертни изведби на грандиозни дела како Бетовеновата „Деветта симфонија“, Вердиевиот и Моцартовиот „Реквием“, „Радомировиот псалтир“ на Димитрие Бужаровски, ораториумот „Клименту“ од Властимир Николовски, Симфонијата „Зима“ од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивал Охридско лето. Тој е познат во оперските куќи, меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот народен театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската опера, Битолската опера и други. Соработувал со Wienna Residense Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика „Алеа“.
Игор Дурловски живее и работи во Виена и се усовршува во камерното студио на Камерзингерин Оливера Миљаковиќ.

Бранислав Поп Георгиевски

Бранислав Поп Георгиевски - бас роден е во Скопје 1952год. Член е на Македонската Опреа и Балет - Скопје од 1972год. Тој е единствениот ученик на големиот Македонски бас Георги Божиков. Гостувал на повеќе сцени низ бивша Југославија како и во Полска и Бугарија. Има остварено значителен број улоги на сцената на МОБ од кои ке ги издвоиме:
-од светската оперска литература:
Ранфис и Кралот “Аида“, Ферандо “Трубадур“, Спарафучил и Чепрано “Риголето“, Калатрава “Моќ на судбина“, Др. Гренвил “Травијата“, Големиот Свештеник “Набуко“,  Том и Самуел “Бал под маски“, Инквизиторот “Дон Карлос“ (сите од Џ.Верди), Колин и Алсиндор “Боеми“ и Анџелоти “Тоска“- Џ.Пучини, Бартоло “Свадбата на Фигаро“, Коментаторе “Дон Џовани“- В.А.Моцарт, Цунига “Кармен“-Ж.Бизе, Рајмондо “Лучија од Ламермур“- Г.Доницети, Оровес “Норма“- В.Белини, Уберто “Слугинка господарка“- Ж.Перголези, Базилио “Севислки Берберин“ -Џ.Росини, Фрош “Лилјакот“ и Калман Жупан “Циганскиот Барон “- Ј.Штраус, Гремин “Евгениј Онегин “- П.И. Чајковски, Скула “Кнез Игор“- А.П.Бородин.
-од домашните оперски остварувања:
Јордан и Стрико Насте “Разделба“- Т.Прокопиев, Саид Ефенди “Илинден“-К.Македонски, Поп Стефанија “Кузман Капидан“- Т.Прокопиев, Теодорик “Цар Самуил“- К.Македоснки, Ѓорѓија “Бразда на љубовта“- Б.Трајков, лекарот “Лидија од Македонија“- Р.Аврамовски.
Учествува и во балетската претстава “Легенда на љубовта“- Г.Смокварски во улога на Св.Јован и Свештеникот, како и во претставата “Седумте смртни гревови“-Б.Брехт во улога на мајката.

Еден куриозитет:
Според бројот на учества во претставите од Мајските Оперски Вечери Бранислав Поп Георгиевски е апслолутен рекордер, исто така тој го има оставрено и најголемиот број на одиграни претстави во една сезона, а тоа изнесува 112 претстави, и до денешен ден оваа бројка не е надминатa.

Online Билети

baneronlinemk

 

 


Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ги билетарите на МОБ.


Работно време: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела  и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден.
  • тел.: 02 3118 451 (Билетара на МОБ)
  • e-mail: biletara@mob.com.mk

previous month Септември 2010 next month
П В С Ч П С Н
week 35 1 2 3 4 5
week 36 6 7 8 9 10 11 12
week 37 13 14 15 16 17 18 19
week 38 20 21 22 23 24 25 26
week 39 27 28 29 30