Home Балет Балет Солисти Првенец - Прва Група

Првенец - Прва Група

Горан Божинов

There is no content for this article at this moment.

Александра Мијалкова

Александра Мијалкова е родена на 24.06.1973 година во Скопје. Основно и средно балетско образование завршува во МБУЦ „Илија Николовски Луј" во Скопје, во класата на балетскиот педагог Ѓурѓица Јовановска. Во 2006 година дипломира на „Украинската Академија за танц - Киевски факултет за кореографија на меѓународниот Славјански Универзитет", отсек педагог - репетитор за класичен балет. Од 1991 година е вработена во Македонската Опера и Балет како редовен член на балетскиот ансамбл. Презентирајќи го својот голем балетски потенцијал настапува во целокупниот балетски репертоар. Поради сите овие карактеристики во 1998 година постанува прима балерина. Како носител на солистичките улоги се истакнува во својата индивидуалност, сензибилност, комплетно исполнување на сцената и висока професионалност. Во нејзиниот широк репертоар на улоги спаѓаат и улогите на: Одета и Одилија „Лебедово Езеро", Жизела „Жизел", Китри „Дон Кихот", Медора „Корсар", Маша „Оревокршачка", Забеида „Шехерезада", Есмералда „Есмералда", Јулија „Ромео и Јулија", Екатерина „Ана Каренина", Мазурка „Шопенијана", Бес „Порги и Бес", Ташула „Охридска робинка Ташула", Девојка и Иштар „Еп за Гилгамеш", Девојка „Македонска повест", Вереница „Песни за љубовта и смртта", Кансатнца Вебер „Златно перо", Црвена жена „Пинк Флојд", Солистка „Наполи", Ленор „Танго", Девојка „Бесконечно патување", Неда „Силјан Штркот".....
Учеството на интернационалните натпревари во Варна, Париз, Москва, Белград, Нови Сад, крунисано со големи награди како златна плакета во Нови Сад и II место на Југословенскиот балетски натпревар во Белград се само уште еден доказ за квалитетите на Мијалкова како прима балерина. Со ансамблот на Македонската Опера и Балет има остварено и многубројни гостувања надвор од границите на својата земја во: Србија, Црна Гора, Хрватска, Турција, Англија, Грција, Канада, Русија, Украина.
Повеќе...

Online Билети

baneronlinemk

 

 


Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ги билетарите на МОБ.


Работно време: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела  и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден.
  • тел.: 02 3118 451 (Билетара на МОБ)
  • e-mail: biletara@mob.com.mk

previous month Септември 2010 next month
П В С Ч П С Н
week 35 1 2 3 4 5
week 36 6 7 8 9 10 11 12
week 37 13 14 15 16 17 18 19
week 38 20 21 22 23 24 25 26
week 39 27 28 29 30