Home Балет Балет Солисти Првенец - Втора Група

Првенец - Втора Група

Катерина Кипроска

Катерина Кипроска, првенка. Родена на 26.07.1971 година во Гостивар. Комплетно основно и средно балетско образование го завршува во МБУЦ "Илија Николовски Луј" во класата на проф. Елисавета Кушовска. Во МОБ - Балет е вработена од 1990 година. Во 1993 година престојува 3 месеци во Националниот балет во Торонто, Канада. Веќе од 1996 година добива статус на првенка во МОБ - Балет, Скопје. Во 1997 година престојува 1 месец во театарот Станиславски во Москва. 2004 година дипломира на Академијата за Музичка и танцова уметност во Пловдив, Бугарија. Во периодот од 2004 до 2006 година е Уметнички директор на МОБ - Балет. Од 2006 година е Уметнички директор на Европскиот Колеџ - Атина. Во својата кариера има одиграно многу улоги, меѓу кои се: Одета и Одилија во "Лебедово езеро", Жизел во "Жизел", Маша во "Оревокршачка", Јулија во "Ромео и Јулија", Китри во "Дон Кихот", Никија во "Бајадерка", Дона Ана во "Дон Жуан", Бес во "Порги и Бес", Есмералда во "Есмералда", Црна Роза во "Танго", Саби во "Ташула", Снежана во "Снежана и 7 - те џуџиња", Жена во "За непознатиот", Жена во "Големиот Бах", I Девојка во "Македонска повест", Вила во "Танц на кадетите", 7-ми Валс во "Шопенијана". Како гостинка настапувала во: Колумбија (Богота, Тунха, Букараманга, Меделин, Кали, Ибаге, Попајан, Картахена, Баранкиља, Синселехо); Перу (Лима); Тајван (Тајпеј, Тајчунг); САД (Њујорк); Бугарија (Варна, Бургас); Германија (Улм, Лајпциг); Србија (Белград, Нови Сад); Хрватска (Загреб, Дубровник); Русија (Москва, Сан Петербург); Црна Гора (Подгорица, Тиват, Будва); Португалија (Лисабон); Грција (Солун). Натпревари: 1988 год. во Нови Сад - III место и бронзена плакета; 1991 год. во Нови Сад - III место и бронзена плакета; Делта прес 2005 год. награда за значителни остварувања во уметноста. Меѓународни натпревари: Париз (Франција), Хелсинки (Финска), Варна (Бугарија).
Повеќе...

Бобан Ковачевски

Бобан Ковачевски- роден 15.10.1988 год. во Скопјe.  ”Илија Николовски Луј” го заврши во класата на проф Елисавета Кушовска. За време на своето школување учевствуваше на сите годишни концерти со соло улоги и одговорна задача. За време на своето школување настапуваше во Бриндизи-Италија, Белград-Србија, Пловдив-Бугарија, Тиват-Црна Гора и др.
Сезоната 2005-2006 година престојуваше на специјализација во Киев-Ураина на академијата “Кмуат” а воедно работеше и на задолжителните вежби кај еминентни и светски познат проф В.Денисенко (првиот професор на светскиот играч Михаил Баришњиков). Воедно ги усовршуваше и другите предмети како што се класичен балет, историски игри, карактерни игри, современ танц, фолклор и предметот репертоар. Со него работеа врвни, еминентни балетски педагози и репетитори.
Од 20.09.2007 год. е првенец на Балетот при МОБ во кој ги доби насловните улоги Принцот во “Оревокршачка”, Ромео во “Ромео и Јулија”, главниот сатир во “Валпургиска ноќ”, Принцот во “Снежана и седумте џуџиња”, Другар во “Рајмонда”, Крал во “Есмералда”, Па-де-де во “Жизел”, крал во “Есмералда”, “Шехерезада”, “Ана Каренина”, “Наполи”, “Дон Кихот”, “Лебедово езеро”, “Танго”, “Андерграунд” и др. Во 2007 год. гостувал во Бразил и Финска. Моментално работи на подготовките на главната машка улога во претставата “Рајмонда” со главниот репетитор на Балетот при МОБ-Тања Вујисиќ Тодоровска. Во 2008 год. има закажано повеќе меѓународни гостувања.
Повеќе...

Online Билети

baneronlinemk

 

 


Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ги билетарите на МОБ.


Работно време: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела  и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден.
  • тел.: 02 3118 451 (Билетара на МОБ)
  • e-mail: biletara@mob.com.mk

previous month Септември 2010 next month
П В С Ч П С Н
week 35 1 2 3 4 5
week 36 6 7 8 9 10 11 12
week 37 13 14 15 16 17 18 19
week 38 20 21 22 23 24 25 26
week 39 27 28 29 30