Home Опера Диригенти

Диригенти

Саша Николовски- Ѓумар

Саша Николовски-Ѓумар,Роден 1966 год. во Битола. Дипломира на ФМУ на отсекот за музичка теорија и педагогија и на отсекот за композиција и диригирање кај проф. Фимчо Муратовски. Уште како студент е активен на музичката сцена - како диригент на академскиот хор "Мирче Ацев", уметнички директор и диригент на оркестарот на Музичката младина на Македонија, основач и дириген на интернационалниот оркестар "Синтезис", настапувајќи во нашата земја и надвор од неа (Крајова, Будимпешта, Сараево). Во меѓувреме бележи настапи и со Македонската филхармонија, Македонската Опера и со хорот и оркестарот на ФМУ.Во 1996 год. специјализирал на конзерваториумот "Николај Римски-Корсаков" во Санкт Петербург, Русија, кај еминентните педагози Илија Мусин и Николај Кукушин.Во 1999 година ги завршува постдипломските студии на музичката академија "Панчо Владигеров" во Софија кај проф. Васил Казанџиев.Во моментот работи како доцент на ФМУ - Скопје по предметите диригирање, оркестар и хор.

Бисера Чадловска

Родена во 1978 година во Скопје. Нижото и средно музичко училиште го завршува во МБУЦ ²Илија Николовски - Луј². Во 1996 година се запишува на Факултетот за музичка уметност на отсекот по диригирање во класата на професор Фимчо Муратовски. Дипломира во 2001 година, во класата на проф.Фимчо Муратовски, со највисока оценка. Во текот на студиите работи и настапува со оркестарот и хорот на ФМУ, камерниот оркестар Солисти на ФМУ и Македонската Филхармонија. По завршувањето на студиите се запишува на пост-дипломски студии по симфониско и оперско диригирање на Државната музичка академија ²Панчо Владигеров² во Софија, Бугарија, каде ќе магистрира во Февруари 2004 година во класата на професорите Пламен Џуров и Александар Јосифов. Истовремено работи и со детскиот хор ²Развигорче² при Младинскиот културен центар. Од Јануари 2003 е ангажирана како хор-мајстор во Операта на МНТ.
Во текот на студиите и по дипломирањето ги реализира следните настапи:
- 1999 год. - настап со Македонската Филхармонија како дел од годишниот концерт на студентите од ФМУ;
- 2000 год. - концерт со камерниот оркестар Солисти на ФМУ;
- 2001 год. - настап со хорот на ФМУ како гостин на концертот на студентите по хорско диригирање;
- 2001 год. - дипломски испит со Македонската Филхармонија;
- 2002 год. - концерт со камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија.
Како хор-мајстор и диригент на бинска музика, работи на оперите ²Набуко², ²Иван Сусањин², ²Турандот², ²Кармен², ²Травијата², ²Кавалерија Рустикана² и ²Аида². Исто така,за отварањето на фестивалот Охридско лето 2003 го подготвува хорот за изведбата на Бетовеновата Симфонија бр. 9 .
На концертите ги има изведено следните дела:
- К.М. Вебер: увертира ²Оберон²;
- Ј.С. Бах: Бранденбуршки концерт бр.3, концерт за виолина и обоа во d-moll и концерт за чембало и оркестар во       f-moll;
- Г.Ф. Хендел: ²Алелуја²;
- Ф. Менделсон: увертира ²Хебриди²;
- В.А. Моцарт: концерт за пијано и оркестар бр.21 во C-dur;
- Ф. Шуберт: Симфонија бр. 8, ²Недовршена²;
- Ф. Лист: Симфониска поема ²Прелудии²;
- К.В. Глук: ²Танц на добрите духови² од операта ²Орфеј²;
- А. Корели: Божиќно кончерто гросо;
- Ф. Шуберт: Симфонија бр. 5 во B-Dur.
На сцената на МОБ ги диригира следните претстави:Таен брак (Д.Чимароза),Севилскиот бербер (Џ.Росини), Волшебната флејта (В.А.Моцарт), Лилјакот (Ј.Штраус помладиот), Свртување на шрафот (Б.Бритн), Рита (Г.Доницети), Кавалерија рустикана (П.Маскањи), Жизел (А.Адам) и неколку Гала оперски концерти. Стипендист е на CEE Musiktheater - Австрија

Online Билети

baneronlinemk

 

 


Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ги билетарите на МОБ.


Работно време: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела  и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден.
  • тел.: 02 3118 451 (Билетара на МОБ)
  • e-mail: biletara@mob.com.mk

previous month Септември 2010 next month
П В С Ч П С Н
week 35 1 2 3 4 5
week 36 6 7 8 9 10 11 12
week 37 13 14 15 16 17 18 19
week 38 20 21 22 23 24 25 26
week 39 27 28 29 30