Баритон, режисер - роден 1979 год.во Скопје.Средно училиште завршува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј"-отсек соло пеење во класата на проф.Марија Николовска. Дипломирал и магистрирал во ДМА „Панчо Владигеров"-Софија, Р.Бугарија оперско пеење во класата на доц.Нико Исаков. Во 2004г. магистрира на отсекот оперска режија во ДМА „Панчо Владигеров"-Софија во класата на проф.Павел Герџиков. Учествувал во фантастичната опера за деца „Светулката" од В.Чучков во Софиската национална опера; операта „Прикаска за светлината" во Националниот музикален театар -Софија; Пинг „Турандот" од Пучини во Операта на МОБ, Гроф Робинсон „Таен брак" од Д.Чимароза; Докторот „Посетата на старата дама" од Г. фон Ајнем.Има учествувано на многу семинари по соло пеење во Македонија, Бугарија и Италија.Во моментов е асистент режисер во МОБ, каде што ги одржува сите претстави од тековниот репертоар.Операта „Волшебната флејта" од В.А.Моцарт ја има поставено на сцената на Националната опера во Тирана, Р.Албанија.Во 2007 год. на сцената на МОБ ѓи поставува премиерно оперите „Трубадур“ и „Аида“ од Џ. Верди.