+389(02)3114-511

Аудиција за ансамблови (машки и женски) балетски играчи

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати за учество на аудиција за ансамблови машки и женски балетски играчи

 

Аудицијата се распишува за следните балетски претстави:

 

-       „Лебедово езеро“; и

-       „Клеопатра“.

 

Аудицијата ќе се одржи на 07 март 2016 во 14.00 часот во големата балетска сала на МОБ. Сите кандидати мора да бидат достапни за аудиција во закажаниот термин.

 

Пријавување

 

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават на електронска пошта на balet@mob.com.mk најдоцна до 29 февруари 2016 година.

 

Пријавата треба да содржи:

 

  • Фотографија (не постара од 1 година);
  • CV;
  • Информации за контакт

 

Аудиција

Аудицијата ќе биде класичен балетски час. Македонската опера и балет ќе обезбеди за секој кандидат просторија за подготовка за часот.

 

Со почит,

Македонска опера и балет