+389(02)3114-511

АУДИЦИЈА за НОВИОТ ДЕТСКИ ХОР „ФАЛСЕТО“ при Македонската опера и балет

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПРИЈАВА

 

 


 

БИОГРАФИЈА


Теа Богатинова (1990) е дипломиран композитор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. м-р Јана Андреевска. Во 2014 година стана Лауреат на фондацијата Томислав Зографски, наградена како најдобар студент на отсекот по композиција.

За прв пат се претставува со свое дело на манифестацијата “Денови на македонската музика” во 2009 година и оттогаш е редовен учесник со свои дела за различни камерни ансамбли. Нејзините досегашни композиторски остварувања вклучуваат:композиции за соло пијано, соло контрабас, соло тромбон,за виолина и пијано, камерни состави, детски, женски и мешан хор, како и за гудачки и симфониски оркестар.

Богатинова учествувала на неколку музички работилници: работилницата со мешаниот камерен хор “Про арс”, под менторство на Сашо Татарчевски; музичката работилница за филмска музика и дизајн на звук со професори од Академија во Утрехт, Холандија; мастер клас за композиција “Sarajevo Sonic Studio”, под менторство на Хајнер Гоеблс (Германија) во Сараево, БиХ; семинар за хорско диригирање во рамките на меѓународниот хорски фестивал - Златна вила, под менторство на Јасенка Остоиќ (Хрватска) во Приједор, БиХ. Во 2015 година зема учество и на Конкурсот за стимулација на македонското творештво, организиран од страна на Министерство за култура во Скопје каде има добиено две награди и тоа: втора награда за композицијата Тумба, тумба за детски хор и прва награда за композицијата Македонско девојче за женски хор.

Како долгогодишен активен член и асистент диригент на женскиот хор „Рустико“ под раководство на маестро Запро Запров, има учествувано на бројни хорски фестивали и натпревари на државно и меѓународно ниво.Има тригодишно работно искуство како диригент на детскиот хор Изворче, а моментално е професор по пијано и пеење во музичкото училиште Ентерпрајз, Скопје.