+389(02)3114-511

Преслушување за надворешни соработници за Оркестарот на Македонска Опера и Балет

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати за учество во преслушување за надворешни соработници за Оркестарот на МОБ.

 

Пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават на електронска пошта на audicii@mob.com.mk најдоцна до 18. февруари 2016 година.

Пријавата треба да содржи:

  • - Снимка со избор од две различни композиции. (Не е потребна професионална студиска снимка);
  • - Фотографија (не постара од 1 година);
  • - CV;
  • - Информации за контакт

 

За преслушувањето кандидатите ќе треба да ја подготват следната програма:

  1. Едно циклично дело по избор на кандидатот
  2. Едно виртуозно дело по избор на кандидатот
  3. Читање ,,prima vista,,

 

Преслушувањето ќе се одржи на :

- 7 март 2016 во 14.00 часот – гудачки инструменти (виолина, виола, виолончело и контрабас)

- 9 март 2016 во 12.00 часот – дрвени дувачки инструменти (обоа, флејта, фагот и кларинет)

- 11 март 2016 во 11.00 часот – лимени дувачки инструменти (труба, тромбон, хорна и туба) и ударни инструменти

 

Кандидатите кои ќе бидат избрани, треба да бидат достапни за преслушувањето во закажаните термини.

 

Со почит,

Македонска опера и балет