+389(02)3114-511

Отворен повик за статисти во новата продукција на операта "Турандот".

Македонската опера и балет објавува отворен повик за статисти во новата продукција на операта "Турандот". Заинтересираните кандидати треба да се пријават на audicii@mob.com.mk и да ги достават следните податоци:
- година на раѓање
- висина и тежина
- кратко резиме
- целосна фотографија
- контакт телефон

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју и конечен избор на 10 март 2016 во 10 часот во Македонска опера и балет.

Услови за учество:
- Пожелно е но не е неопходно кандидатите да имаат претходно сценско искуство
- Да бидат достапни во периодот од 10-25 март за проби и настап на 25 март.
- да имаат висина од приближно 180 сантиметри.
- да имаат способност за тимска работа, следење на упатствата на режисерот за целите на претставата и влкопување во начинот на работа на МОБ.
- да се достапни за проби според потребите на режисерот, почнувајќи од 10 март во 11.00 часот.

За сите избрани кандидати ќе следи соодветен финансиски надоместок.

Со почит,
Дирекција на Опера