+389(02)3114-511

ОПШТИ УСЛОВИ 

Член 1.

Претставите/настаните на Македонската опера и балет, во понатамошниот текст МОБ, за кои можат да се купат билети преку интернет се одредени со тоа што се ставени на менито за понуди. Два часа пред почеток на претставата, престанува продажбата за таа претстава. 

Член 2.

При продажбата преку  интернет се засметува полна цена на билетот, без попуст.  

Член 3.

Можности за плаќање  преку интернет :

     - Visa classic

     - MasterCard

     - Maestro

     - Diners

Член 4.

Начин на дистрибуција:

Билетите купени преку интернет, и за кои купувачот  добива единствен број (во понатамошниот  текст ID-код), можат да се подигнат на билетарницата на МОБ во нејзиното  работно време, и најдоцна -  30 минути пред започнување на претставата/настанот на билетарницата на МОБ, покажувајќи го ID - кодот. Се препорачува ID - кодот со податоците за купувачот и купената влезница да се испечатат запишат или запаметат.

Отстапување на  ID-код: Ако крајниот купувач кој купил билет, го отстапи ID-код на друга личност,  правото на билетот на билетарницата на МОБ, го остварува личноста која прва ќе дојде на билетарницата и ќе го покаже ID-кодот со потребните податоци.

Член 5.

Откажување на претстава:

Враќање на парите за купениот билет, може да се оствари  единствено ако претставата/настанот е откажан. Со покажување на ID-кодот и потребните податоци. Во таков случај МОБ може на купувачот да му го замени билетот, за некоја друга претстава по иста цена и по избор на купувачот, или да се вратат пари во готовина во износ на вредноста на билетот под услов купувачот писмено да го потврди примањето на парите.  

Член 6.

Недоаѓање на претстава : ако купувачот не дојде на изведбата  на претставата/настанот за која платил билет, МОБ задржува 100% од вредноста на веќе платениот билет.  
 
 
 
 

Член 7.

Работното време на билетарницата на МОБ, се утврдува со интерен акт и достапно е на веб страната на МОБ. И тоа: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден. 

Член 8.

МОБ се обврзува да ги чува приватните податоци на своите купувачи. Се земаат само нужните ,основните податоци за купувачите, кои ќе се користат исклучиво  за потребите за продажба на билети. Сите податоци за купувачите ќе се чуваат строго и ќе бидат достапни исклучиво за ракувачите на кои им се потребни односно нужни за работа. Сите ракувачи на МОБ и деловни партнери , одговараат за почитување на начелото за заштита на приватноста.

        

СИГУРНО КУПУВАЊЕ

Македонската опера  и балет (во понатамошен текст МОБ) е максимално посветена на сигурноста и доверливоста на целокупното свое работење. Притоа наш приоритет е комплетната сигурност на нашите купувачи при плаќањето и користењето на своите кредитни картички.

 Сигурноста при  купувањето во МОБ е гарантирана преку имплементација на најдобрите технички решенија и процеси:

НАЈКВАЛИТЕТНИ ПАРТНЕРИ ЗА ФИНАНСИСКИ ТРАНСАКЦИИ

Сите платежни трансакции на МОБ се извршуваат со помош на системот на НЛБ Тутунска банка, кој е овозможен и поддржан од Bankart, најголемата и најреномирана светска компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери го користиме целото светско искуство во оваа област за да овозможиме максимална сигурност и доверливост.

ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Единствена институција  која доаѓа во допир со Вашите финансиски податоци (број на кредитна картичка) е нашиот доверлив партнер НЛБ Тутунска банка.

Пред внесувањето  на бројот од кредитната картичка сте  пренасочени на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење. 

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика на приватност ги опишува видовите на лични податоци кои се зачувуваат во Македонската опера и балет (во понатамошен текст МОБ)  и начинот на кој собраните лични информации се користат.

Оваа Политика на приватност се однесува само на веб страната на МОБ, www.mob.com.mk и на сите поддомени. Доколку преку нашата веб страна е обезбеден линк до други веб страни ве информираме дека ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Со самиот пристап и регистрација како Купувач на веб страната на www.mob.com.mk изјавувате дека сте запознаени и сте согласни со содржината на нашата Политика на приватност. 

ПРИБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Собирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Ние вршиме собирање на личните податоци само доколку се регистрирате како Купувач на нашата веб страна и ги прибираме само оние информации кои ни се доставени од ваша страна.

ИНФОРМАЦИИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ

Во информациите кои ги собираме спаѓаат: Име и презиме, Е-маил адреса и телефон за контакт.

Ние не собираме никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.

Вашата трансакција ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска банка. Порталот користи најнова технологија за заштита на вашите податоци кој овозможува бројот на вашата картичка да се испраќа директно до банката преку сигурна конекција.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Ние ги користиме вашите лични податоци во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Ние ќе ги користиме вашите лични податоци единствено за да ви овозможиме пристап до веб продавницата, за да се исполни и процесира вашата нарачка, за да ве информираме за нови производи и услуги кои ги нудиме и за наши маркетиншки цели.

Ние нема да ги објавиваме, продаваме или правиме достапни на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.

ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.

СИГУРНОСТ НА ВАШИОТ ПРОФИЛ

Вашето корисничко име и лозинка се основната заштита на вашиот профил. Вашето корисничко име и лозинка се единствени и не треба да ги откривате на трети лица. При креирање на Вашата лозинка ви препорачуваме да користите комбинација од броеви, букви и специјални знаци. Доколку Вашата лозинка е компромитирана или се сомневате во злоупотреба ви препорачуваме веднаш да не известите и да извршите промена на лозинката.

МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Ние нема намерно да прибираме или користиме лични податоци од малолетни лица.

СИГУРНОСТ

Ние ги превземаме сите потребни мерки за заштита на вашите личните податоци со што ги минимизираме ризиците од спречување неовластен пристап и злоупотреба.

Оваа Политика на приватност стапува на сила од Јануари 2014 година.

Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.mob.com.mk  најмалку 30 дена пред да стапат во сила.